Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирале 470 прекршоци за неносење лична заштита за лице на територијата на државава.
-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19“, велат од МВР.
Во Македонија е задолжително носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.
Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот.