467
Вкупно 453 граѓани на Македонија го искористија правото на глас на предвремените парламентарни избори во Бугарија кои се одржаа вчера, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК).
Распределбата на гласови е следна:
ГЕРБ – 143 гласа
„Промените продолжуваат“ – 127
ДПС – 35
Преродба – 33
БСП – 14
„Има таков народ“ – 10
15 од гласачите претпочитале да гласаат со „не поддржувам никого“, а имало и 35 неважечки ливчиња. На минатите избори гласале 461 македонски Бугарин.