Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445.099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно.
Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26.000 граѓани да имаат по три оброка дневно.
Нејзината вредност се проценува на најмалку 11.6 милиони евра што може да се искористи како нова програма за социјална заштита.
Според најновата студија на „Програмата на Обединетите Нации за животна средина“ (УНЕП), една третина од произведената храна во светот или околу 1.3 милијарди тони завршува како отпад.
Македонија и покрај својата специфична социјална и економска ситуација, не се разликува од трендовите во развиените земји на фрлање храна. Околу 30 проценти од храната произведена или увезена во Македонија, никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето, во текот на транспортот или на крајот во отпад ја фрлаат големите трговски синџири и потрошувачите.