42 лица приведени поради прекршување на полицискиот час

by fokus

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.05.2020) на територијатана   Република   Северна   Македонија   на   57   лица   им   се   издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво   на   целата   држава   55   лица   не   ја   почитувале   забраната  за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, стои во соопштението на МВР.

Поврзани новости