665
Најмалку 40 лица загинаа, а 50 се повредени во израелските воздушни напади врз појасот Газа денеска, соопштија здравствените власти во палестинската енклава.
Меѓу жртвите има 12 жени и осум деца. Повеќето повредени се исто така жени и деца.
Според телевизијата Ал Мајадин, 36 Палестинци биле убиени и речиси 60 повредени. Спасувачките екипи продолжуваат да ги расчистуваат остатоците од куќи уништени од ударите на главната улица во Газа, Ал Вахда, под кои може да има затрупани луѓе.
Ова е најкрвавиот напад од жестоките борби што избувнаа пред една недела помеѓу Израел и палестинските екстремисти на Појасот Газа, со кои управува исламистичкото движење Хамас.