40-годишна затворска казна за хакерот на ЦИА кој давал информации на Викиликс

by Fokus

Џошуа Шулте (35) – екс службеник на ЦИА е осуден на 40 години затвор поради објавување информации до кои дошол Викиликс.

Тој беше осуден за шпионажа, компјутерско хакирање, непочитување на судот, давање лажни изјави до ФБИ и поседување слики за сексуална злоупотреба на деца.

„Џошуа Шулте ја предаде својата земја со извршување на некои од најгрозоморните злосторства на шпионажа во американската историја“, рече јавниот обвинител, а Шулте ги отфрли сите обвинувања.

Обвинителите го обвинија дека ги обелодени алатките на ЦИА „Волт 7“, кои им дозволуваат на разузнавачите да хакираат паметни телефони и да ги користат како уреди за слушање.

Шулте на Викиликс му дал околу 8.761 документи во 2017 година, што претставува најголемо нарушување на податоците во историјата на ЦИА, објави американското Министерство за правда.

Шулте бил вработен како програмер во Центарот за сајбер разузнавање, кој шпионира терористички организации и странски влади.

Обвинителите на судењето изјавија дека во 2016 година ги украл податоците и ги дал на Викиликс, а потоа ги излажал агентите на ФБИ за неговата улога. Рекоа дека бил мотивиран од гнев поради спорот на работното место.

Тој е во затвор од 2018 година.

Поврзани новости