Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска оствари средба со корисниците на социјална пензија од Куманово. На ниво на Куманово овој надоместок или социјална пензија го користат 218 лица.
– Оваа Влада во Собранието предложи закон за социјална сигурност на стари лица, односно сите оние лица над 65 годишна возраст што немаат друг приход, а живееле 15 години во нашата држава, да го оставарат додатокот или оној надоместок од 6.000 денари кој што велиме е социјална пензија до крајот на нивниот живот, а притоа не оставруваат старосна пензија ниту семејна пензија, изјави Царовска.
За помалку од шест месеци 4.140 лица го оставриле ова право.
– Навистина ми е драго што еве како Влада на некој начин инвестираме во оние граѓани коишто со години се бореле на пазарот на трудот, дел од нив биле пријавени, дел не биле пријавени, но едноставно не оставриле пензија и токму затоа ќе можат да го користат ова право кое што се исплаќа преку Центарот за социјална работа, но сепак е за достоинствено стреење на овие наши сограѓани, рече Царовска.
Директорката на Центарот за социјални работи, Алескандра Арсовска, изјави дека надоместокот изнесува 6.000 денари на месечно ниво, а воедно на овие лица им следува и надоместок за енергенси во висина од 1.000 денари во периодот од октомври до март.