Стефанова: Судијката Кацарска е дел од емисарите кои правеа притисок за Камчев!

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова во своето сведочење за случајот “Рекет” појасни дека на почетокот на истрагата за случајот “Империја” Катица Јанева не се интересирала за предметот, но затоа притисоци доаѓале од сите страни.

-На почетокот на истрагата за “Империја” притисоците доаѓаа од повеќе места. Се јавуваа политичари, бизнисмени, судии, обвинители.. и кај мене и кај Јанева. Тогаш и Јанева не се интересираше за предметот, а нејзиниот интерес се појави во декември кога бараше повеќе информации, рече Стефанова.

На прашањето на адвокатот Сашко Дуковски, дали тој судија е во Кривичниот суд, Стефанова рече:

-Тоа е судијката Добрила Кацарска. Не се јави лично кај мене, туку кај колега, рече обвинителката Стефанова.

-Судијката Кацарска беше присутна од рано утро, до следниот ден, кога се одлучуваше за притворот на Камчев, додаде Стефанова, која додека зборуваше ја прекина судијката Васка Масевска Николовска, но обвинителката Стефанова истакна дека морала да каже зошто во спротивно ќе испадне штитење на фелата.

В.В.

Поврзани новости