Пратеникот Илија Димовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прогнозира дека Македонија нема да добие датум за преговори, велејќи дека тоа е се поочигледно. Димовски во вечарашното гостување на 1ТВ, сепак истакна дека НАТО членството сме на пат да го добиеме.
-Ние живееме во една еуфорија од промена на власта. Дали ВМРО-ДПМНЕ посакува да добиеме датум за преговори, да. Зошто премногу труд е вложено во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ без разлика на сите критики, се посветувала на таа агенда. Од друг аспекст, ние во овие две години гледаме запоседнување на целиот систем, па дури и злоупотреби. На ВМРО-ДПМНЕ од тој аспек му одговара да отпочнат преговорите, и овие прашања да се отворат, рече Димовски.
Тој сепак вели дека немало атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум.
-Ако имавме одлично досие, ќе беше многу тешко после Преспанскиот договор да се одбие Македонија. Одиме по тој пат на одбивање. Ја нема атмосферата дека Македонија заслужила и мора да добие датум за преговори, рече Димовски, додавајќи дека пет земји ќе бидат против Македонија, поради лоши резултати во реформите.
На прашањето на новинарот Борјан Јовановски, дали би се обложил околу датум за преговори до крајот на годината, Димовски посочи дека шансите се мали, односно 20-30% за ДА, односно дека државата ќе добие датум за преговори.