444
Во текот на вчерашниот ден, 39-годишен жител на Демир Капија се здобил со тешки телесни повреди откако бил прегазен од патничко моторно возило „мерцедес“, информираат од МВР.
„На 30.10.2018 година во 11.20 часот на улица „Партизанска“ во Демир Капија, К.Л.(32) од Демир Капија, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Е.(39) од Демир Капија. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.Е. и по укажаната лекарска во Итната медицинска помош Неготино бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.“