542
38-годишник со иницијали Н.Ѓ. бил вчера пронајден мртов во стан на булеварот „АВНОЈ“, соопштија од полицијата.
„На 01.07.2019 година во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на бул.„АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38). Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, информираа од МВР.