Каевски: Мицкоски ги поткопа државните позиции во однос на Бугарија

by Fokus

Владејачката СДСМ уште еднаш ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека се согласиле на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Ротердам во резолуцијата за Македонија да натежнат бугарските ставови.

„Поткопани се државните позиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски. На конгрес на Европската народна партија, каде што учествувал и Христијан Мицкоски, усвена е Резолуција која во еден дел  го поткрепува ставот на Бугарија.

Иако повикува на почеток на преговори во Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле ‘постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија“, изјави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој прашува дали Мицкоски реагирал кога се усвојувал ваков документ на конгресот. „Ако не реагирал, значи се согласува со напишаното. Прашање е дали гласал Мицкоски за резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?“

Понатаму СДСМ го обвинува Мицкоски дека ги поткопувал државните позиции во клучни моменти.

 

Поврзани новости