Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Огнен Кузмиќ, утринава доживеа тешка сообраќајна несреќа по враќање од свадба во Бања Лука и со хеликоптер е пренесен во Белград, јавуваат српските медиуми.
Од Ургентниот клинички центар во Република Српска велат дека Кузмиќ се здобил со скршеници на лицето и вилицата, оток на мозокот и набиетини во пределот на градите.
Според докторите, Кузмиќ е ставен на апарати за дишење и е итно префрлен во Клиничкиот центар во Белград поради сериозноста на повредите.
Кузмиќ патувал со 29-годишник кој е исто така сериозно повреден и кој се наоѓа на апарати за дишење.
Според локалните медиуми сообраќајната несреќа се случила кога се судриле „поршето“ се кое се превезувал Кузмиќ и возило марка „БМВ“ во кое се превезувале двајца мажи на возраст од околу триесетина години.