352
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 119 санкции, 24 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.