Хаос на аеродромот во Кабул, цивили очајно бегаат од Талибанците

by Fokus

Американските сили на аеродромот во Кабул биле принудени да пукаат во воздух кога голем број на луѓе излегле на пистата, за да ги спречат да влезат во воeните авиони, пренесува Ројтерс.

Како што пренесува Ројтерс, воените летови од Кабул биле наменети само за дипломатите и лицата од локалната амбасада.

Според информацијата хеликоптерите ги пренесуваат вработените во амбасадите, а аеродромот е преполн со луѓе кои очајнички сакаат да се вклучат во летовите како би побегнале од Талибанците, кои синоќа влегоа во Кабул.

 

САД, заедно со повеќе од 65 земји ги повикаа Талибанците да им дозволат на Авганистанците кои сакаат да ја напуштат земјата да го сторат тоа, предупредувајќи на нивната одговорност за какви било злоупотреби.

-САД се приклучуваат кон меѓународната заедница во инсистирањето дека Авганистанците и странците кои сакаат да ја напуштат земјата мора да добијат дозвола и можност да го сторат тоа”, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Твитер додека Стејт департментот објави соопштение од своите блиски сојузници.

 

-Оние кои се на власт во Авганистан имаат одговорност да го заштитат човечкиот живот, се вели во заедничкото соопштение.

Поврзани новости