32-годишен велешанец со иницијали М.Ќ. бил приведен во полициска станица откако претходно физички го нападнал својот 62-годишен татко. Како што информираат од полицијата, додека неговите родители биле во куќата на неговата баба, на улица „Тодор Јанев“ во Велес, М.Ќ. се појавил, почнал да вика и да им се заканува дека ќе ги убие ако не му дадат пари. Во еден момент тој физички го нападнал неговиот татко, а скршил и дел од покуќнината.
Подоцна при претрес во неговата соба полицијата нашла големо количество марихуана.
„Врз основа на судска наредба, полициски службеници излегле на местото и извршиле претрес во куќата на улица „Тодор Јанев“. Притоа, во собата каде престојува М.Ќ. било пронајдено едно поголемо најлонско пакување со марихуана, кое било одземено и дадено на вештачење. Во собата било затекнато и лицето Ѓ.Б.(29) од Велес и при преглед кај него било пронајдено едно пакување со марихуана, кое исто така било дадено на вештачење. Двете лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.