306 казни за брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден (05.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 306 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 191 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости