30 дена притвор за трикратниот убиец од Кавадарци

by Фокус

Полицијата денеска информираше дека на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци му е одреден притвор од 30 дена.

Во неделата околу 16 часот осомничениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга, со која се разведувал. Гостинот брзо почнал да се кара со домашните по што тој пукал по еднаш и во мајката и во сестрата на неговата сопруга. Потоа, се качил на спратот од куќата каде го пронашол и таткото на сопругата во кој испукал еден куршум во пределот на градите и избегал.

Полицајците вчера го забележале осомничениот на гробиштата во Кавадарци, кој во тој во моментот бил оддалечен од нив на околу 20 метри. Му наредиле да застане, но тој извадил пиштол и го држел во десната рака со цевката кон земјата. Откако втор пат му рекле „стој полиција“ осомничениот почнал да бега, по што еден од полицаецот пукал во воздух. Осомничениот продолжил да бега низ околните улици, за да на крај повторно се вратил кај гробишта каде го обиколиле повеќе полицајци. По кратко убедување истиот го спуштил пиштолот и полицајците го уапсиле.

Осомничениот претходно е пријавуван за кривично дело „насилство“ , кривично дело „телесна повреда“ и кривично дело „одземање малолетник“.

 

Поврзани новости