29 фирми – членки на Стопанската комора на Северна Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум, во кој ко-претседатвач е претседателот Бранко Азески, ќе добијат грант од околу 3,4 милиони евра со што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси.
Комората е свесна дека на ваков начин компаниите создаваат потенцијал за вработување квалификуван кадар, обучен за технологијата, машините и опремата што ги поседуваат и кој знае да ракува со нив. Тоа им овозможува да ги планираат идните инвестиции знаејќи дека имаат потенцијален кадар кој знае како да работи, а со тоа ги намалуваат и трошоците за дополнителна обука за нововработениот кадар.
Со тоа заложбата и напорите што ги прави Стопанската комора на Северна Македонија за воведување на дуалното образование како најефикасен модел за подготовка на соодветен стручен кадар според потребите на компаниите и реализација на практичната обука на учениците и студентите во компаниите станува реалност, а финансиската поддршка овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование.
Средствата за грантот се обезбедени од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку Германската развојна банка (KfW) и Регионалниот фонд за предизвици како уникатен инструмент за финансирањe.
Фондот се спроведува преку Коморскиот инвестициски форум на 6-те земјите на Западен Балкан, кој претставува значајна институција за економската регионална соработка, унапредување на бизнис климата во економиите на Западен Балкан, создавање на заеднички пазар, заеднички извоз и унапредување на конкурентноста во регионот, чија членка е и Стопанската комора на Северна Македонија.
Регионалниот фонд располага со 20 милиони евра во форма на грантови за сите 6 земји. Секој еден грант поддржува од 150.000 до 600.000 евра, средства инвестирани во инфраструктура и набавка на машини и опрема, како и изградба или реновирање на работилници и лаборатории во стручните училишта за реализација на практичната обука. Средствата ги добија конзорциуми составени од едно средно училишта и 2 или повеќе компании кои аплицираа на првиот повик со образовни програми за одредени квалификации според потребите на компаниите.
На првиот повик учествуваа вкупно 207 апликанти од 6-те земји на Западен Балкан, а од нив 37 конзорциуми се предложени за финансирање. Од нашата земја учествуваа вкупно 30 апликанти, а од нив 8 конзорциуми со своите проекти се предложени за финансирање со приближно 3,4 милиони евра.
ПР текст