222
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 21 санкција за некористење сигурносен појас, 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.