285 казнети возачи во Скопје, 107 возеле побрзо од дозволеното

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 107 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, 17 мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости