28 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ, ЕУРОИМПЕКС ЕДИНСТВЕН МЕЃУ ИМПОРТЕРИТЕ СО ДВЕ ИМПОРТЕРСКИ ПРОДАЖНО СЕРВИСНИ ТОЧКИ ВО СКОПЈЕ

by Fokus

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две импортерски продажно/сервисни точки во Скопје, покрај дилерската мрежа на територија на Република Македонија. Опстојува 28 години на пазарот и им нуди на своите клиенти сервисирање, дијагностика, акциски понуди за оригинални резервни делови вклучувајќи и работна рака, лимарски услуги и специјални пакети за возила постари од 5 години со програмата 5+, вклучувајќи ја и понудата на Eurorepar резрвни делови.

Компанијата Еуроимпекс која опстојува 28 години на пазарот ја претставува својата втора продажно/сервисна импортерска точка во Скопје преку еден од членовите на менаџерскиот тим Ванчо Каламадевски, национален технички советник и раководител на сервисниот центар на локација Скупи, кој ги истакнува услугите и производите кои ги нуди сервисниот центар на пазарот преку неговото раководење во истиот.

„Во оваа компанија сум веќе 11 години и од секогаш се работело по веќе зададени правила, стандарди и начини на работа. Нудење на беспрекорна услуга и начин на комуницирање со клиентите, употребата на оригинални резервни делови и нивна гаранција. Клиентот кој стои пред вас има високи очекувања од услугата и производот посебно затоа што вие го претставувате Брендот Peugeot и ја извршувате функцијата на Овластен сервисен центар. Тука нема простор за „грешки“, затоа и одговорноста е уште поголема. Претставува вистинско задоволство, мотивација и предизвик да се раководи со еден ваков сервисен центар“ изјавува Ванчо Каламадевски.

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две продажно/сервисни точки во Скопје и дилерска мрежа на територија на Република Македонија. Во моментов импортерска точка на локација Скупи 3А брои 6 лица и опслужуваат функции како продажба на возила, сервисирање и магацинско работење,…. и се достапни за сите клиенти кои имаат потреба од нивните услуги.

За разлика од продажно сервисната точка во Лисиче на Бул. Трета Македонска Бригада, на оваа локација Ул. Скупи 3А, копманијата нуди и сервисирање и проверка на возила од сите автомобилски брендови, на тој начин претставуваат мултифункционален сервисен центар.

Нивниот тим е составен од стручни лица и е образован и обучен да може да ги опслужи сите клиенти кои имаат потреба од сервисирање на возила, дијагностика, оригинални резервни делови и тјунирање.

А посебно истакнуваат дека нудат и резервни делови од нивниот најнов партнерски Бренд – EUROREPAR, кој е всушност „мулти-бренд“ за резервни делови, сервисирање, одржување и поправка комбинирајќи квалитет, цена и перформанси. Препорачан од Принципалот Automobiles Peugeot, а понудува производи за онаа целна група која е со помала куповна моќ и сака да вгради високо квалитетни делови кои се од потрошен материјал (филтри, ребраст ремен со затегачи, водна пумпа, дискови, лагери, плочки итн). Сите резервни делови од програмот Eurorepar имаат 2 годишна гаранција.

Ванчо Каламадевски, за оние сопственици на возила кои ги носат своите автомобили во приватни гаражи наместо во овластени сервисни центри истакнува:

„Не секој сопственик на автомобил го третира своето возило на ист начин. Секако дека клиентот е тој кој одлучува на кој начин ќе се грижи за своето возило и аналогно на таа грижа, колку тоа возило ќе врати назад во истата мера на издржливост, трајност итн. Наша задача како професионалци е да го советуваме клиентот најдобро што можеме и да му ја објасниме важноста од сервисирање на своето возило во Овластени сервисни центри. Од многу причини.

Ако сакаме производот да биде со подолг век на употреба и да можеме поретко да го враќаме на сервис треба да размислиме за одлуката каде и како да го сервисираме. Употребата на оригинални резервни делови, гаранцијата која ја нудиме и сигурноста дека на вашиот производ работат „стручни раце“, кои поминале обука, знаење и искуство да најпрво го препознаат вистинскиот проблем а потоа да знаат со кои методи е најдобро и најдолготрајно да тој „проблем“ го решат се со цел комплетно задоволување на потребите и очекувањата на странката. Секако дека финалната одлука ја има сопственикот на возилото“

Дилерската мрежа на Еуроимпекс е распространета во 4 градови во Републиката. Дилерски центар во Скопје – СИТИ КАР, Гевгелија – БОНДИ, Тетово – АВТО ЧАЈКА и Штип – АВТО ЧАЈКА 2 и секако двете импортерски локации: Локација 1: Бул.Трета Македонска Бригада бр. 72, Скопје; Локација 2: Ул. Скупи 3А, Скопје.

Поврзани новости