28 години од атентатот врз Глигоров, се уште не се познати нарачателите

by Fokus

Пред точно 28 години беше извршен неуспешниот обид за атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата, но загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 9,50 часот на улицата “Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието. Бомбата поставена во автомобил „цитроен ами 8“ експлодира кога автомобилот на претседателот минуваше покрај неа.

Се уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот.

Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година. Претседателската функција Глигоров ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година. Почина на први јануари 2012 година во 95-тата година од животот.

 

Поврзани новости