273 санкционирани возачи во Скопје

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 273 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон при возење, 24 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости