381
Две лица на возраст од 27 и 23 години се здобиле со повреди по сообраќајна несреча вчера во 23.30 часот на сервисната улица која ги поврзува регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ЈП “Дрисла“.
„Патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.З.(27) од Скопје излетало од коловоз и удрило во одводна бетонска шахта за атмосферски води. Од незгодата со телесни повреди се здобил возачот Е.З., а сопатникот З.Б.(23) од Скопје и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.