26-годишен скопјанец признал дека се обидел да силува две жени, одреден му е притвор

by Fokus

На 26-годишен скопјанец му е одредена мерка притвор од 30 дена поради обид за силување. Скопјанецот М.С. бил пријавен од две жени дека се обидел да ги силува. Од МВР соопштуваат дека ги признал делата.

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против М.С. (26) поради основано сомнение дека сторил кривични дела обид за силување и полово вознемирување, по што од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена. Веднаш по добиени пријави од 49-годишна жена дека машко лице на 26.02.2023 се обидело да изврши обљуба врз неа на Средно Водно, како и од 28-годишна жена дека машко лице на 04.03.2023 се обидело да изврши обљуба врз неа, преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што М.С е приведен во полициска станица. Тој ги признал делата, по што со кривична пријава е предаден на ОЈО Скопје и надлежниот суд кој му одредил мерка притвор“, соопштија од МВР.

Поврзани новости