25-годишно момче било каснато од куче скитник на автобуска постојка

by fokus

Дваесет и петгодишник бил каснат од куче скитник,  на автобуска постојка во кавадаречкото село Марена.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека 25 годишниот маренец Ѓ.Ј. настанот го пријавил вчера, во кавадаречката полиција. 

-Каснувањето во пределот на десната нога било завчера околу 20.30 часот, појасни Додевски.

Поврзани новости