206
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 16 мерка за возење без возачка дозвола, три санкции за возачи почетници.
Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, 20 санкции за некористење сигурносен појас, 11 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 17 санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.