Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14та владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани!
Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател на Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14та владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани!
Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на Македонија да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран.