Продолжуваат засилените мерки во сообраќајот на подрачјето на главниот град.
Од извршените 1.195 контроли, полициски службеници вчера констатирале вкупно 530 прекршоци, од кои 493 по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 37 по Законот за возила.
Притоа, најголемиот број санкции по Законот за безбедност на патниот сообраќај се однесуваат на непочитување на брзината на движење, односно 238 биле санкционирани за возење со брзина поголема од пропишаната.
Биле преземени 43 мерки за возење без возачка дозвола и 51 санкции за некористење сигурносен појас.
За непрописното паркирање биле преземени мерки против 69 возачи, 10 возачи управувале возило под дејство на алкохол, регистрирани се четири случаи на минување на црвено светло, на седум возачи изречени се прекршочни санкции за користење мобилен телефон, а во пет случаи се преземени мерки против пешаци.
По однос на Законот за возила, евидентирани се девет нерегистрирани возила, како и 12 технички неисправни возила.