267
Во текот на вчерашниот ден (14.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи.
Од нив осум возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движело дури со 70 километри на час над дозволеното.
Притоа 91 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.