223 полски навивачи се изведени пред судија за прекршоци

by fokus

Министерството за внатрешни работи информираше дека по масовната тепачка вчера во Градски парк се уапсени вкупно 223 полски навивачи. Против нив се поднесени прекршочни постапки и утринава биле изведени пред судија за прекршоци.

„На 07.06.2019 околу 17,50 часот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Република Полска, во паркот на франкофонијата во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу две групи на полски навивачи. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници и приведени се 223 лица во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци“, информираа од МВР.

Поврзани новости