22-годишно момче прегазило двајца тетовци

by fokus

Вчеравечер 22-годишно момче удрило со својот автомобил во двајца пешаци од Тетово, кои веднаш по незгодата биле пренесени во тетовската клиничка болница, информираше МВР.

„На 31.01.2019 околу 19,20 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Сузуки марути“ со тетовски регистерски таблици, управувано од О.М.(22) удрило во пешаците Х.М.(19) и А.Р. (25) од Тетово. Повредените пешаци  со истото возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости