22 годишно лице од Љуботен, скопско, било хоспитализирано во Клинички центар, откако било пукано кон неговото возило и заработил прострелни рани во градниот кош.
„На 24.09.2018 година во 00,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ј.Б.(22) од с.Љуботен-скопско со повредa од огнено оружје. Имено Ј.Б. додека со возило „Мерцедес“ се движел по улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што истиот се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош. Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.