Претседателот на државата Стево Пендаровски, пред малку во вила Водно, му го врачи мандатот на Оливер Спасовски да ја формира техничката влада која што треба да ги организира и спроведе предвремените парламентарни избори.
Спасовски се заблагодари на честа и одговорноста што ја добива како мандатар на преодната влада и најави дека ќе направат се да продолжи напредокот на државата, да има фер и демократски избори и сите институции да продолжат со истата динамика како досега за да има развој на државата.