21 новозаразен и еден починат во изминатите 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19. Регистрирани се и 89 оздравени лица.

Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (72г), починато во болнички услови.

Од Министерството за здравство додаваат дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.

Поврзани новости