268
МВР информира дека вчера во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Х.(21) од Штип.
Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил.
Од него биле одземени пиштол „зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм.
Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.