21-годишник од Охрид претепал членови на семејството

by Fokus

Двесет и едногодишниот охриѓанец е приведен, откако нападнал членови на семејството, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата,  во 21.50 часот, во СВР Охрид е приведен Ф.П.(21) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството. При извршен преглед кај него е пронајден и одземен остар предмет.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости