205 возачи казнети за брзо возење

by fokus

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости