457
Социјално загрозените граѓани наместо досегашните 600 денари предвидени со владиниот проект „Енергетска сиромаштија“, од јули ќе добиваат 800 денари. Владата оваа субвенција ја воведе во 2010 година, а сега најавува дека таа континуирано ќе расте.
-Веќе сега од јули, со сметките што ќе се плаќаат во јули, ќе биде 800 денари. Планот е, според програмата на Владата, следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018-та година да биде 1000 денари, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
За овој владин проект годинава од државната каса ќе се одвојат 1 милион и 317 илјади евра. Субвенциите се даваат за платена сметка за струја, парно или дрва.