20 работници се повредени во тешката сообраќајка меѓу камион и автобус кај село Мамтучево

by Fokus

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево во која се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес.

Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес пред 50-ина минути со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.

– Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Од нив кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и истите се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување, информира Лазаровска.

Екипа на СВР Велес е на терен и прави увид за утврдување на причината за сообраќајната несреќа.

Поврзани новости