Посетителите на најголемиот тематски парк во Германија поминале речиси 40 минути на своите места на тобоганот што застанал на средината на возењето, објави портпаролот на паркот.
Имено, инцидентот се случил во забавниот парк „Европа парк“, а како што се наведува, 20 патници биле оставени да гледаат во воздух поради запирање на возењето.
– Возот на еден тобоган не можеше да го надмине првиот наклон околу 13 часот поради недоволна енергија на стартот и таму застана. Благодарение на сеопфатните безбедносни мерки, веднаш по почетокот на возењето се згрижени 20 патници – изјави портпаролот.
Panne im Europa-Park: Fahrgäste sitzen 40 Minuten in Achterbahn fest https://t.co/ZCgAm1dhZN via @derspiegel
— #Tajik-German (@energylnsights) September 12, 2024
Како што се додава во соопштението, во ниту еден момент патниците не биле во животна опасност.
Тобоганот бил повторно во функција ден по инцидентот, откако бил детално проверен.
Според „Билд“, ова е втор инцидент годинава, откако истиот тобоган неколкупати во април запрел поради технички дефект.