Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска соопшти дека потпишал наредба 20 отсто од се што ќе се произведе во земјата да оди за војската.
-Поради конфликтот во Украина се покажаа три важни работи, здравството како столб, финансиската стабилност, енергетската стабилност, храната и петто, армијата и силата на армијата на една земја се чини дека се исклучително важни – рече Вучиќ.
Како што вели, направени се дополнителни големи инвестиции во наменската индустрија. Тој додава дека дополнително ќе се инвестира во осовременување на капацитетите.
– Јасно е дека конфликтите во светот ќе траат долго. Наоѓаме и купувачи за нашите стоки, можеме да продадеме сè низ целиот свет. Сакам да ве информирам дека потпишав наредба за сите фабрики дека 20 отсто од се што се произведува мора да остане во Србија за нејзината војска – рече Вучиќ.