2,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина

by fokus

Два и пол милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската интервенција во Украина, а поради војната во земјата има и два милиони внатрешно раселени лица, соопштија денеска Обединетите нации.

„Бројот на бегалци од Украина – трагично – достигна денес 2,5 милиони. Исто така, проценуваме дека околу два милиони луѓе се раселени во Украина. Милиони беа принудени да ги напуштат своите домови поради оваа бесмислена војна“, објави на „твитер“ шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди.

Пол Дилон, портпаролот на Меѓународната организација на ОН за миграција, рече дека меѓу два и пол милиони луѓе кои побегнале од Украина има 116 илјади странски државјани.

Според статистичките податоци, пред воената интервенција на Русија во деловите на Украина што беа под контрола на централната власт во Киев имало повеќе од 37 милиони жители.

Поврзани новости