572
Два земјотреса попладнево ја стресоа Албанија, а беа почувствувани и во западниот дел од земјава и во Скопје.
Првиот земјотрес во 16.05 часот е со епицентар во Драч, со интензитет од 5,8 степени според Рихтер и на длабочина од 10 километри во Јадранското Море. Петнаесет минути подоцна исто така во Драч, Албанија, на оддалеченост од 7 километри североисточно, регистриран е уште еден силен потрес со јачина од 5,5 степени.
Во Македонија земјотресот најмногу е почуствуван во Охрид.