Зеленски: Нема преговори ако Русија одржи референдуми за отцепување

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече вчера дека преговори со Русија нема да бидат моќни ако се одржат референдуми во окупираните подрачја во неговата земја.

Руските сили и нивните сепаратистички сојузници сега контролираат големи делови од територијата на Донбас, на истокот на Украина, и на југот на земјата. Тамошните надлежни влеат дека може да организираат референдуми.

Во своето вечерно обраќање Земенски порача дека Киев останува на своето дека нема да препушти ни малку од својата територија на Русија.

„Позицијата на нашата земја останува онаква каква што секогаш била. Нема да се одречеме од ништо што е наше“, вели тој.

„Ако окупаторите тргнат по патот на псевдореферендуми, ќе ги ускратат сите изгледи за какви и да е преговори со Украина и со слободниот свет, кој на руската страна во еден момент ќе му треба“.

Руските и украинските власти одржаа неколку состаноци по почетокот на инвазијата, но постигнат е многу мал напредок.

Проруските сепаратисти кои управуваат со регионот Запорожје објавија дека не се откажуваат од плановите за одржување референдум за придружување на Русија, планиран за септември. Точниот датум не е одреден.

Русија по окупацијата на регионот формира проруска управа, покренати се руски ТВ канали и радиостаници и воспоставени трговски врски со анектираниот Крим.

РИА Новости пишуава дека сепаратистите расправаат за „синхронизација на референдумите“ со регионот Херсон.

Проруските сепаратисти веќе одржаа рефенедум за независност на Донбас кој прогласи независност, а Кремљ ја призна независноста на почетокот на инвазијата.

Поврзани новости