Зекири: Температура, болки во коските и губењето на сетилата за вкус и мирис се дел од симптомите

by fokus

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој заедно со својата сопруга и 3 месечното бебенце, пред три дена беа хоспитализирани, поради корона вирусот, се во стабилна состојба.

Во моменти кога дел од населението се уште не верува дека корона вирусот навистина постои, го прашавме Зекири кои се симптомите кои тој ги почуствувал.

-Температура, болки во коските, губење на сетилата за вкус и мирис, се само неколку од симптомите, изјави кусо Зекири за “Фокус”.

Тој пред да биде хоспитализиран појасни дека за целото времетраење на полицискиот час ниту имал дозвола за движење, ниту прекршил некоја од мерките за забрана за движење!

-За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого, тврдеше Зекири.

Тој појасни дека првото излегување од дома му било на Бајрамскиот викенд и за празникот имал средба само со најтесното семејство.

В.В.

Поврзани новости