Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, преку фејсбук им се обрати на колегите Ејуп Алими и Артан Груби од ДУИ, за нивните денешни говори од собраниската говорница, при што зборуваа за селективна правда, посочувајќи неколку судски случаи.
-Жал ми е што не сум во Собрание денеска. Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите!!!
Нека се сетат кој заедно со “началникот” поставуваше судии-нивните Муса Џафери и Блерим Беџети…
А ИВЗ е посебна приказна, како што бива криминалци си бранат криминалци.
Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту на РЕЗИЛИТЕ ОД ИВЗ.
П.С поздрав и до Влатко Ѓорчев, напиша Зекири на фејсбук.