Заразени со корона вирусот се 12 чешки полицајци кои заедно со македонски колеги ја обезбеднуваат границата кон Грција

by fokus

Речиси една третина од чешкиот полициски контингент во рамки на граничната контрола на границата кон Грција е заразен од корона вирус, објави телевизија Телма.

Поточно од 40 припадници на чешката полиција, кои оваа недела требало да биде заменета со нов контингент и поради тоа барале тестирање, 12 излегле позитивни.

Од полицајците никој немал симптоми на заболување од корона вирусосот но резултатите покажале дека 12 сепак се заразени.
Заразените полицајци веднаш се ставени во изолација по што ќе биде одлучено дали ќе се враќаат во Чешка или во Македонија ќе останат до излекувањето.

Сите нивни колеги од меѓународните полициски сили се ставени во изолација како превентивна мерка.

Странските полицајци заедно македонските гранични полицајци вршат контрола врз јужната граница за да спречат илегална миграција на балканската рута.

Поврзани новости