Започна мерката „Викенд без ДДВ“

by fokus

Од денес, граѓаните ќе може да купуваат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема, без да плаќаат ДДВ.

Како што е предвидено со предложените измени на Законот за целосен поврат на ДДВ овој продолжен викенд сметките треба да се скенираат најдоцна три дена по издавањето, а целиот платен ДДВ на сметките на граѓаните ќе легне во рок од 15 дена.

„Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четврт сет на владините антикризни мерки. Власта очекува граѓаните во следните три дена да потрошат 170 милиони евра, а проекциите одат и до 250 милиони евра. За ваквиот фантастичен промет, се очекува да бидат вратени 17 милиони евра. Според проектираната мерка, Владата се надева дека овој продолжен викенд на шопинг ќе отидат од 350 илјади, до половина милион граѓани.

Поврзани новости